Билтен за Струга и Охрид: Физички напади, семејно насилство, затекната малолетничка при кражба…

- Локални, Хроника
293

На 29.12.2024 во 17.35 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Е.М.(25), А.М.(19), Ш.М.(19), сите од струшкото село Лабуништа, како и Х.А.(22), Т.А.(20), М.М.Н.(40), сите од селото Подгорци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во селото Лабуништа физички го нападнале Д.Ш.(53) од Лабуништа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

На 29.12.2024 во 19.45 часот, при вршење кражба во продажен објект во трговски центар во Струга, затекната е малолетничка од охридско село. По консултација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи, ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок.

На 29.12.2024 во 01.45 часот на улица ,,Даме Груев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа П.Б.(18) од Охрид и З.П.(31) од Крива Паланка затоа што претходно, пред продажен објект на истата улица физички го нападнале Љ.Ј. од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 20.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат од с.Велестово кон Охрид, четирицикл „кавасаки” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М.(41) од Охрид, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 29.12.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ш.(18) од охридското село Велгошти. Тој, претходно во ноќен клуб на булевар „Железничка” во Охрид, физички и со остар предмет го нападнал П.А.(19) од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.К.(69) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 03.00 часот,полициски службеници од СВР Охрид извршиле преглед врз К.Б.(22) од Охрид, при што пронашле и одзеле секира. Против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружје.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари