Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ осудени на вкупно 17,5 години затвор

- Свет, Хроника
194

Родителите на Коста Кецмановиќ – момчето кое изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се прогласени за виновни и се осудени.

Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 5 месеци затвор, а Миљана Кецмановиќ на 3 години.

 

 

Инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење

Владимир Кецмановиќ е осуден за кривично дело предизвикување општа опасност бидејќи неправилно складирал оружје и муниција и на тој начин му овозможил на својот тогаш 13-годишен син да изврши масовно убиство, како и запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Миљана Кецмановиќ за недозволено држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи, бидејќи на чаурата од куршумите што била пронајдена во кабинетот по историја каде било застрелано момчето била пронајдена нејзината ДНК, како и за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетник.

StrugaOnline

Facebook Коментари