Лев банер Десен банер

Акција на ЈП Комунално за чистење на дворот во училиштето „Јосип Броз Тито“ и градинката „Пеперутка“

„Децата се нашата иднина, а секој простор каде што тие растат, учат и сонуваат заслужува да биде чист, безбеден и исполнет со грижа.“ Водени од оваа порака, екипите на ЈП Комунално реализираа акција за чистење на дворот во Основното училиште „Јосип Броз Тито“ и во детската градинка „Пеперутка“.

Во рамки на акцијата беше спроведено целосно чистење на училишните дворови и на околниот простор, како и отстранување на отпадот, со цел подобрување на условите за престој и игра на учениците и децата од предучилишна возраст.

Од претпријатието информираат дека ваквите активности се дел од нивната континуирана програма за одржување на јавните површини и поддршка на образовните институции.

Со вакви иницијативи, ЈП Комунално придонесува кон создавање чиста, функционална и достоинствена средина за целата заедница.

error: