Временска прогноза: Претстои сончево и топло време, температури до 37 степени

- Македонија
744

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време. Попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.Ќе дува слаб, до умерен североисточен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневните температури ќе се движат во интервал пд 28 до 37 степени. И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со температури кои ќе бидат во константен пораст.

Извор: УХМР

Facebook Коментари