Лев банер Десен банер

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид, пренесена на лекување во Скопје

Четириесет и едногодишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди при несреќа на работното место во фабрика во Охрид, по што била пренесена на лекување во Скопје.

Според информациите, на 13 март 2026 година во 01:21 часот во СВР Охрид било пријавено дека со возило на Итната медицинска помош од Охрид во Клиничкиот центар во Скопје е донесена М.Д. (41) од Охрид со тешки телесни повреди.

Од преземените мерки било утврдено дека таа повредите ги добила на своето работно место во фабрика во Охрид. Најпрво била пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а поради сериозноста на повредите била префрлена на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Од СВР Охрид информираат дека во соработка со трудовата инспекција се преземаат мерки за целосно расветлување на околностите под кои се случил настанот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: