Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Денеска се навршува една година од трагедијата што ја потресе целата држава – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Настанот се случи во раните утрински часови на 16 март 2025 година и засекогаш го промени животот на многу семејства и на целата заедница, оваа несреќа се смета за една од најголемите трагедии во поновата историја на државата.
По трагедијата, во Кочани и низ целата земја беа организирани комеморации, маршеви и денови на жалост, а семејствата на жртвите и граѓаните бараа одговорност и правда за настанот. Градот со месеци живееше во тишина и тага, додека споменот на загинатите млади луѓе остана длабоко врежан во колективната меморија.
Една година подоцна, трагедијата во „Пулс“ и понатаму претставува болна опомена за потребата од поголема безбедност, одговорност и почитување на стандардите, но и потсетник на изгубените животи кои никогаш нема да бидат заборавени.
StrugaOnline

