Лев банер Десен банер

Општина Струга чекор поблиску до дигитална администрација со платформата „Lexcy“

Општина Струга прави нов исчекор кон модернизација на јавните услуги, откако во рамки на своите заложби за дигитална трансформација беше презентирана иновативната платформа „Lexcy“.

Презентацијата ја одржа Азем Баута, кој ги претстави можностите што оваа дигитална алатка ги нуди за унапредување на јавната администрација преку современи технолошки решенија.

Од локалната самоуправа потенцираат дека дигитализацијата е еден од клучните приоритети, со цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и достапноста на услугите за граѓаните. Иако процесот носи одредени предизвици, сепак се гледа како значајна можност за подобрување на институционалното работење.

Во таа насока, активно се разгледуваат решенија што ќе овозможат поефикасни внатрешни административни процеси, побрза и поквалитетна услуга за граѓаните, како и поголема транспарентност и полесен пристап до услугите.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, кој ја истакна важноста на дигиталната трансформација како клучен чекор кон создавање модерна и функционална локална самоуправа.

Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со воведување современи решенија, со цел подобрување на секојдневното функционирање на администрацијата и обезбедување поквалитетни услуги за сите граѓани.

StrugaOnline

error: