ИТЕН АПЕЛ: Да му помогнеме на Оливер Павлески во неговата битка за здравје
Хуманоста повторно е ставена на испит. Нашиот сограѓанин Оливер Павлески се соочува со сериозна здравствена состојба, за чие лекување се потребни значителни финансиски средства што неговото семејство не е во можност самостојно да ги обезбеди.
Во овие тешки моменти, поддршката од заедницата е од огромно значење. Секој придонес, без разлика на износот, може да направи разлика и да му помогне на Оливер да ја продолжи својата борба и да се врати на нормалниот живот.
Граѓаните кои сакаат да помогнат можат тоа да го направат преку следните податоци за донација:
Примач: Оливер Павлески
Жиро-сметка: 200003661980658 (Стопанска банка)
Цел на дознака: Донација за лекување
Да покажеме солидарност и заеднички да му дадеме шанса на Оливер за подобро утре.
StrugaOnline

