Лев банер Десен банер

Одлични резултати на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга на „Кенгур 2026“

Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга постигнаа значајни успеси на Меѓународниот математички натпревар „КЕНГУР 2026“, покажувајќи високо ниво на знаење, логичко размислување и посветеност.

Учениците од прво до деветто одделение, освоија бројни награди и пофалници, под менторство на своите наставници.

Најмладите ученици од прво одделение покажаа одлични резултати, при што Ева Маринoска освои прва награда, додека Деспина Костојчиноска и Цансу Мустафа се закитија со трети награди. Под менторство на наставничката Елизабета Размоска Чакареска, учениците достојно го претставија училиштето.

Кај учениците од второ одделение, прва награда освои Лука Балкоски, додека повеќе ученици се закитија со втори и трети награди, меѓу кои Мартин Петрески, Марко Аштaлкоски, Алексеј Крстановски, Леонид Иваноски, Владо Јованоски и Матеј Шурдовски. Со трета награда се истакнаа и Евгенија Симициоска, Дамијан Келешоски, Дарио Бежаноски, Калина Николоска, Христијан Филев, Марија Аврамоска и Искра Бежаноска, додека пофалница доби Дарио Стојанов.

Кај учениците од трето одделение, прва награда освоија Кристијан Крстановски, Даријан Стојчески и Христо Ѓоргоноски. Со втора награда се закитија Софија Тодороска, Георгина Ѓоршески, Филип Малески и Дарио Дејкоски. Трета награда освоија Јаков Шикоски, Берк Демиши, Сулејман Далипoски, Ирина Жупаноска, Дамјан Трајчески, Илија Николоски и Адил Бајрамоски, додека пофалница доби Илина Мариноска.

Во четврто одделение, со втора награда се истакнаа Стефани Николоска, Матеј Шикоски и Андреј Симакоски. Трета награда освоија Дарио Јосески, Дани Рамадан, Јаков Хиохи, Деспина Матоска, Ристе Ристески, Дина Алиоска и Ненад Костоски, а пофалница доби Михаил Циркоски.

Успехот на учениците е резултат на нивната посветена работа, но и на поддршката од менторите, меѓу кои се Соња Симакоска, Анета Крстановска, Розе Бакраческа, Весна Калајџиеска, Ирена Петреска, Енеса Кадриоска, Мила Бебекоска, Валентина Новаковиќ и Соња Ѓиноска.

Во петто одделение, учениците исто така се истакнаа со високи резултати. Доротеа Попоски и Муса Ајдароски освоија втори награди, додека Сергеј Блажески се закити со прва награда. Меѓу наградените се и Кристијан Миладиновски, Мелих Изјероски и Јана Аврамоска со трети награди, а Тамара Аштакоска доби пофалница. Учениците работеа под менторство на наставничките Русанда Кушкоска, Билјана Најдановска и Нада Липоска.

Во шесто одделение, учениците исто така се истакнаа со високи резултати. Стефанија Гогоска, Јасин Реџоски и Лука Трца освоија втори награди, додека Мартина Салви, Филип Шикоски, Максим Тодороски и Кристијан Панов освоија трети награди. Учениците работеа под менторство на наставничките Леонида Чакареска и Борјанка Јованоска.

Успешни беа и учениците од седмо одделение, каде Бојана Коциќ, Никола Николовски, Душан Балтоски и Христина Дејкоска освоија први награди, додека Иринеј Хиохи и Бојана Костоска се закитија со трети награди. Нивен ментор беше наставничката Марија Плушкоска.

Во осмо одделение, учениците Михаил Балоски, Теодора Шопоска, Лејла Дуро и Азра Краџоска освоија трети награди, исто така под менторство на Марија Плушкоска.

Најголем број наградени ученици има во деветто одделение, каде Јована Коциќ освои прва награда. Софија Крстановска, Матеа Димитроска, Максим Филипов и Сара Будоска добија втори награди, додека Миа Спасовска, Марио Балкоски и Амит Бичак освоија трети награди. Мила Вранишкоска доби пофалница. Учениците беа под менторство на наставничките Тамара Вељаноска, Борјанка Јованоска и Ивана Милеска.

Од училиштето упатија честитки до сите ученици и наставници за постигнатите резултати, истакнувајќи дека овие успеси се доказ за квалитетната настава и мотивираноста за постигнување нови знаења.

StrugaOnline

error: