Лев банер Десен банер

Пионерките на ЖКК Струга 2009 обезбедија пласман на Ф4: Следува борба за медал

Пионерките на ЖКК Струга 2009 обезбедија пласман на завршниот турнир Ф4, откако и во вториот натпревар од разигрувањето беа поуспешни од екипата на МЗТ.

И покрај конечниот резултат од 39:49, стружанките покажаа стабилна игра и доволна предност од претходниот натпревар, што им овозможи заслужено место меѓу четирите најдобри екипи сезонава.

Најефикасни во составот на ЖКК Струга 2009 беа Нелоска со 15 поени, Узуновска А. и Ајдиноска Џ. со по 8 поени, додека Кајмакоска постигна 5, Селими 4, Чороска 3, а Узуновска Т. и Ајдиноска Т. додадоа по 2 поени.

Тренерот на екипата, Владимир Ѓоровиќ, не го криеше задоволството од постигнатиот успех и прикажаната игра:

„Честитки до моите кошаркарки за одличната борба, како и до екипата на МЗТ за фер и коректен натпревар. Искрено, презадоволен сум и од играта и од резултатот. Можеби ова не е најталентираната екипа, но сигурно е една од најборбените, со одлична атмосфера во тимот. Нашите резултати оваа сезона ги надминаа очекувањата, но сигурно не одиме на Ф4 како на екскурзија – ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло и да донесеме медал дома“, изјави Ѓоровиќ.

Со овој успех, младите кошаркарки од Струга испишуваат значајна страница во клупската историја, а претстојниот Ф4 турнир ќе биде нова можност за потврда на нивниот квалитет и борбен дух.

error: