Детската претстава „Кловн“ премиерно во недела на сцената на Охридскиот театар
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, во чии рамки функционира Охридскиот театар, продолжува со збогатување на детската театарска сцена, најавувајќи ја премиерата на новата детска претстава „Кловн“, која ќе биде изведена на 24 мај 2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот.
Претставата е дел од проектот „Куфер театар“, во чии рамки годинава ќе бидат реализирани четири детски претстави. Режијата е на Ѓорги Ризески, а текстот го потпишува Кристина Тодороска Петреска, по мотиви на делото „Се бара стар Кловн“ од Матеј Висниек.
Во претставата настапуваат актерите од охридскиот ансамбл: Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ. Костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева.
Од Центарот за култура информираат дека билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата на установата. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, како и од 10:00 до 12:00 часот на денот на изведбата.
StrugaOnline

