Лев банер Десен банер

Хуман гест на „Кочва Мала“: Бесплатни оброци за 50 лица на кои им е потребна помош

Ресторанот „Кочва Мала“ Струга започна хумана акција преку која ќе донира храна за 50 лица на кои им е најпотребна помош, покажувајќи солидарност и грижа кон заедницата.

Акцијата ќе се реализира двапати неделно, секоја среда и петок, а целта е да им се помогне на семејства и поединци кои се соочуваат со тешка социјална состојба.

Во хуманитарната иницијатива се вклучи и Слаткара „Јагода“, која донираше 50 слатки како дополнување на оброците и поддршка на акцијата.

Од ресторанот истакнуваат дека ваквите иницијативи се потсетник дека со малку внимание и хуманост може да се направи голема разлика во нечии животи.

Хуманата акција на Кочва Мала веќе наиде на позитивни реакции кај граѓаните, кои ја поздравуваат иницијативата и испраќаат пораки за поддршка и солидарност.

StrugaOnline

error: