Лев банер Десен банер

Тешко повредена 73-годишна жена од Струга, изгубила свест и паднала покрај камион

На 02.06.2026 околу 13:00 во ОВР Струга, од Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена С.С.(73) од Струга. Според пријавеното, таа се здобила со повредите додека се движела во населба Плитишта, струшко, при што изгубила свест, паднала и се удрила во товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.И.(40) од с.Радолишта, струшко. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: