Времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
30 Маврови Анови, 27 Лазарополе, 23 Крива Паланка, 15 Охрид, 14 Штип, Крушево, 13 Скопје-Петровец, Виница, 12 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Куманово, 10 Прилеп, 9 Тетово, 8 Кавадарци, Попова Шапка, 5 Демир Капија, 4 Битола, 1 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

