Ракометниот караван продолжува – следна станица Струга
Ракометната федерација на Македонија продолжува со реализацијата на проектот „Ракометен Караван“, кој овојпат пристигнува во Струга, со цел ракометот уште повеќе да им се доближи на најмладите.
Ракометната приказна во Струга ќе се одржи на 25 септември 2026 година (петок), во периодот од 12:00 до 14:00 часот, во Спортската сала „Тими“.
На караванот ќе присуствуваат познати имиња од македонскиот ракомет – Марио Танкоски, Теодора Гулицоска и Гоце Ојлески, кои со најмладите ќе ги споделат своите искуства, знаење и љубовта кон спортот.
Организаторите најавуваат и специјален гостин, што дополнително ќе ја збогати програмата на настанот.
Проектот „Ракометен Караван“ има за цел преку дружење, спорт и директна интеракција со познатите ракометни имиња да ги мотивира најмладите да се вклучат во ракометот и да создаваат нови спортски навики.
По посетите на различни места низ земјата, караванот продолжува да ја шири ракометната приказна низ Македонија, а Струга ќе биде следната станица.
StrugaOnline

