Двајца пријавени за трговија со дрога во Охрид, во домот затекнат и малолетник
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б.(27) од охридското село Косел и П.П.(28) од Прилеп, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, а П.П. сторил и кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги”. При претрес во домот на второпријавениот, извршен на 10.09.2026 со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со марихуана и кокаин, кои ги набавил од првопријавениот и ги препакувал за натамошна продажба. При претресот, во домот на второпријавениот, затекнат е малолетник од Битола на кој му овозможил да користи марихуана. Пријавените веднаш беа лишени од слобода, а со малолетникот, во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи се извршени разговори, по што ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

