Лев банер Десен банер

Младинските екипи на РК СТРУГА викендов играат на меѓународниот ракометен турнир„МЕТЕОР 2026“ во Лесковац, Србија

Младинските екипи на РК „Струга“ викендов ќе бидат дел од 19. издание на меѓународниот ракометен турнир за млади „МЕТЕОР 2026“, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Лесковац, Србија.

Турнирот е во организација на школата за ракомет „Дубочица“ и „Метеор“ и ќе собере повеќе младински екипи од регионот, кои ќе имаат можност да ги покажат своите ракометни квалитети, да стекнат ново искуство и да се дружат со своите врсници.

Покрај домаќинот РК „Дубочица 54“, на турнирот ќе учествуваат и екипите на РК „Трепча“ од Косовска Митровица, РК „Слога“ од Прњавор, РК „Струга“ од Струга, ГРК „Преспа“ од Ресен, РК „Раднички“ од Крагуевац, РК „Вождовац“ од Белград, РК „Смедерево“, РК „Потисје Плетекс“ од Ада и РК „Јастребац“ од Блаце.

За младите стружани ова ќе биде одлична можност за нови меѓународни искуства, проверка на досегашната форма и напредок низ натпревари со квалитетни противници од регионот.

Ваквите турнири имаат особено значење за развојот на младите ракометари, бидејќи покрај спортскиот натпреварувачки дел, нудат можност за стекнување нови пријателства, размена на искуства и дружење меѓу младите спортисти и тренерите.

РК „Струга“ ќе има можност уште еднаш да го претстави клубот и градот на меѓународната ракометна сцена, а на младите ракометари им посакуваме успешни настапи, добри натпревари и убави спомени од Лесковац.

StrugaOnline

error: