Лев банер Десен банер

Македонија денеска игра против Луксембург на стартот од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство во ракомет, ЕХФ ЕУРО 2028, со натпревар против селекцијата на Луксембург.

Нашите ракометари ќе имаат можност да ги започнат квалификациите пред домашната публика, а натпреварот се игра денеска, среда, 4 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Поддршката од трибините ќе биде особено важна за македонската репрезентација, која ќе се обиде со добар резултат да го отвори квалификацискиот циклус и да направи чекор кон пласман на континенталниот собир.

StrugaOnline

error: