Малолетник од Струга управувал возило без возачка дозвола, автомобилот одземен
На 25.02.2026 година во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки.
При контролата било констатирано дека возилото го управувал 16-годишник кој сè уште немал законски стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници извршиле службен разговор со малолетникот во присуство на член од неговото семејство, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настанот, од ОВР Струга најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор; СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

