Лишен од слобода стружанец кој управувал возило со забрана за Б категорија
На 24 февруари 2026 година, во 09:40 часот, на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Ф. (48) од Струга.
Како што информираат од полицијата, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Ф. По преземени мерки било констатирано дека тој управувал со возилото и покрај тоа што имал изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

