Лев банер Десен банер

ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга домаќин на општинскиот натпревар по хемија – одлични резултати за учениците

Во петокот, на 20 февруари 2026 година, ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга имаше чест да биде домаќин и организатор на општинскиот натпревар по хемија. Во училиштето беа пречекани ученици и наставници од сите основни училишта од општината, кои ги одмерија своите знаења во оваа природна наука.

Натпреварот се одвиваше во уредна, коректна и мотивирачка атмосфера, исполнета со дух на здрава конкуренција, меѓусебна почит и соработка меѓу учениците. Организаторите посочуваат дека целта на ваквите настани е поттикнување на љубовта кон науката и развивање на критичко и аналитичко размислување кај младите.

Особена гордост за училиштето претставуваат постигнатите резултати на нивните ученици:

  • Марко Милески (IX одделение) – I награда

  • Матеј Настоски (IX одделение) – II награда

  • Матеа Димоски (IX одделение) – III награда

  • Марија Мијевски (IX одделение) – пофалница

  • Ива Гоџоска (VIII одделение) – пофалница

  • Евгенија Димоска (VIII одделение) – пофалница

  • Ема Мисоска (VIII одделение) – пофалница

Ментор на дел од наградените ученици е наставничката Климентина Нацева-Дамјановска.

Пофалница освои и Михаела Милеска од IX одделение од село Враништа, под менторство на наставничката Снежана Јаулевска.

Сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар обезбедија пласман на регионалниот натпревар, каде ќе имаат можност повторно да ги покажат своите знаења и вештини.

Од училиштето упатуваат честитки до сите натпреварувачи и нивните ментори, посакувајќи им уште поголеми успеси во следната фаза од натпреварувањето.

StrugaOnline

error: