Препораки за сите граѓани кои оваа зима ќе одат на планина

- Македонија
671
Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачува:
 Kонтинуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;
 Да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;
 Да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;
 Да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;
 Да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;
 Луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;
 Планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Facebook Коментари