Приведен стружанец поради агресивно однесување кон полицијата
Полициски службеници од ОВР Струга на 10.03.2026 година во 13:50 часот на улицата „Партизанска“ во Струга го лишиле од слобода Е.М. (46) од Струга.
Како што информира полицијата, тој бил приведен затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои во моментот преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

