Лев банер Десен банер

Приведено лице од Франгово, возел под дејство на алкохол

На 31.03.2026 во 22:30 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга го лишија од слобода М.С.(50) од с.Франгово, струшко.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,12 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: