УХМР: Од денес обилен дожд и силен ветер
Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).
Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој ќе достигнува и над 70 km/h, особено во североисточните делови.
Пообилни врнежи ќе има и утре (локално над 30 l/m²). Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со локален дожд.
Во сабота ќе дува повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.
Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

