Сообраќајна незгода кај Врбјани, тешко повредено 58-годишно лице од Кичево

- Хроника
401

На 29-ти јуни 2023 година, во 09:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, после селото Врбајни се случила сообраќајна незгода во која е повердено едно лице.

– Патничко моторно возило марка „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишниот Б.Р. од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото:архива

Facebook Коментари