Ѓоковиќ ќе игра против Качин на стартот на Вимболдон

- Спорт
199

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата во Вимблдон против Аргентинецот Педро Качин (68 на АТП листата).

Прворангираниот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија во воведното коло во Вимблдон за противник ќе го има Французинот Жереми Шарди.

Во женска конкуренција, најдобрата светска тенисерка Ива Швјонтек од Полска во воведното коло ќе игра против Лин Жу од Кина, додека бранителката на титулата од лани Елена Рибакина од Казахстан на стартот ќе игра против американската тенисерка Шелби Роџерс.

Грен – слем турнирот во Вимблдон е на програмата од 3 до 16 јули.

Facebook Коментари