СВР Охрид ги контролираше возилата кои вршат јавен превоз, 46 испратени на технички преглед

- Останати
595

Во текот на вчерашниот ден (20.03.2019 година), на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.

– Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констатирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2). По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2)
Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари