Ѓоргија Стојанов е нов спортски директор на Џудо Федерација на Македонија

- Македонија, Спорт
784

Врз основа на објавениот конкурс за избор на спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија, а по разгледувањето на пристигнатите апликации, Извршниот одбор на ЏФМ согласно член 40 од Статутот за работа донесе едногласна одлука за назначување на Ѓорѓија Стојанов за нов спортски директор на федерацијата. Генералениот секретар на ЏФМ, м-р Миодраг Стојановиќ од свое лично име и од име на раководството на ЏФМ му го честиташе изборот и му посака успех во работата.

,,Сакам да се заблагодарам на претседателот на ЏФМ г-дин Владимир Трпановски и Извршниот Одбор на ЏФМ за укажаната доверба, ќе се трудам максимално за да го унапредам џудо спортот во Македонија“ – изјави Стојанов кој што е долгогодишен тренер на џудо-клубот ,,Дрим“ од Струга.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари