Лев банер Десен банер

Одлични резултати на Триатлон клубот „3 дисциплини“ Струга на Дуатлон првенството „Меморијал Ѓоко Кузмановски“

Спортистите од Триатлон клубот „3 дисциплини“ од Струга забележаа одличен настап на Државното и меѓународно дуатлон првенство „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, освојувајќи бројни медали и признанија.

И покрај тоа што настапија со преполовена екипа поради здравствени проблеми и вируси, младите натпреварувачи покажаа борбеност, квалитет и силен натпреварувачки дух.

Најуспешни беа:
Во категоријата Деца 1, Игнатиј Милески и Бисера Кутаноска освоија сребрени медали.
Кај Деца 2, Јован Кутаноски и Стефанија Кутаноска се закитија со злато, Христијан Нически освои сребро, а Софија Кутаноска бронза.
Во категоријата кадети, Девран Куртис освои сребрен медал.
Кај јуниорите, Тија Кукунешоска го освои првото место, додека Матео Мачоски заврши втор.
Во сениорска конкуренција, Блерта Хани освои сребрен медал.

Солиден настап забележаа и Керем Куртис, Лара Татар и Дарија Магдис, кои исто така достојно го претставија клубот.

Овие резултати се уште една потврда за квалитетната работа на клубот и посветеноста на младите спортисти, кои и во отежнати услови успеаја да постигнат значаен успех и да го промовираат Струга на спортската сцена.

StrugaOnline

error: