Пионерките на ЖКК Струга 2009 поведоа со 1:0 во четвртфиналето против МЗТ
Пионерките на ЖКК Струга 2009 со убедлива игра го отворија четвртфиналето од плејоф серијата, совладувајќи ја екипата на ЖКК МЗТ со 54:36 на домашен терен.
Стружанките уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и поведоа по првата четвртина со 13:7. До полувремето ја одржуваа предноста (23:16), а во второто полувреме дополнително ја зголемија разликата за сигурен триумф. Контролата на играта и цврстата одбрана беа клучни фактори за победата, што се потврдува и преку резултатот по четвртини (13:07; 10:09; 17:12; 14:08).
Најефикасна во редовите на ЖКК Струга 2009 беше Узуновска А. со одлични 25 поени, додека Нелоска придонесе со 8. По 6 поени постигнаа Ајдиноска и Кајмакоска, Узуновска Т. додаде 5, а Селими и Тасеска реализираа по 2 поени.
Со оваа победа, стружанки поведоа со 1:0 во серијата, а реванш натпреварот ќе се одигра во среда во Скопје. Доколку биде потребно, мајсторката ќе се игра за викенд во Струга.
StrugaOnline

