Лев банер Десен банер

Помалите пионерки на Ж.К.К. Струга 2009 сигурни против втората екипа на Охрид

Помалите пионерки на Ж.К.К. Струга 2009 забележаа нова убедлива победа, овојпат против втората екипа на Г.К.К. Охрид, совладувајќи ги со резултат 17:49.

Натпреварот помина во целосна доминација на стружанките, кои од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста. По почетните 04:14, следеше уште поцврста игра во одбраната и контролирано темпо, што резултираше со убедлива предност до крајот (01:14; 05:13; 07:08 по четвртини).

Најефикасна во редовите на Струга беше Кајмакоска со 12 поени, додека Матеска додаде 11. Солиден придонес имаа и Дукоска со 9 поени, Ајдиноска со 5, како и Шкурче со 4 поени.

Во листата на стрелци се запишаа и Миевска, Чакареска, Наумоска и Кукунешоска Б., кои постигнаа по 2 поени.

Со оваа победа, младите кошаркарки на Струга продолжуваат со одличните настапи и потврдуваат дека се во добра форма оваа сезона.

StrugaOnline

error: