ЖРК Струга со победа против ЖРК Илинден Вардар во Пионерската лига
Екипата на ЖРК Струга забележа значајна победа над ЖРК Илинден Вардар со резултат 18:16, во рамките на 16. коло од Пионерска женска лига.
Натпреварот се одигра во спортската сала „Тими“ во Струга, каде домашниот состав прикажа цврста и борбена игра. По првото полувреме, Струга имаше предност од 10:8, а во вториот дел успеа да ја задржи контролата и да го приведе мечот во своја корист.
Во редовите на Струга се истакнаа неколку ракометарки со ефикасна игра во нападот, кои беа клучни за одржување на предноста во текот на целиот натпревар, кај ЖРК Струга, најефикасни беа: Пејоска Леа, Ашталкоска Маја и Симоновска Калина со 4 голови, Димитроска Матеа со 3 голови, Паноска Николина и Ѓонеска Елена со 2 гола, Пејоска Ива со 1 гол.
Во составот на Илинден Вардар, се издвоија: Костова Јована со 5 голови, Велковска Андреа со 4 голови, Митревска Јована, Дудуцки Јована и Миленковска Јана со 2 гола, Блажевска Ивана со 1 гол.
Со оваа победа, ЖРК Струга продолжува со позитивни резултати во шампионатот, потврдувајќи ја својата добра форма и амбиции во лигата.
StrugaOnline

