Македонската ракометна репрезентација не доби вајлд карта за учество на ЕП 2021

- Спорт
701

Ракометната репрезентација на Македонија, не доби можност да учествува на Светското првенство во Египет 2021 година откако не доби специјална покана за учество од Светската ракометна организација (ИХФ).

Познавачите во областа на спортот останаа зачудени од оваа одлука на ИХФ со оглед на тоа дека македонската репрезентација според сите критериуми беше фаворит за добивање вајлд карта.

Добитници на Вајалд карти се селекциите на Русија и Полска кои на последниот континентален собир завршија далеку зад македонската репрезентација.

Македонија ќе пропушти Мундијал првпат после десет години.

Strugaonline

фото: архива

 

 

Facebook Коментари