45 лица во Струга се во изолација и 7 во самоизолација

- Локални
1926

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно  во изолација се 109 лица (Охрид-45, Струга-45, Кичево-19). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 10 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 30 лица (Охрид-18, Струга-7, Кичево-1, Дебар-4). Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-07, Струга-06, Кичево-42, Дебар-12).

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари