Облачно со локални врнежи од дожд

- Македонија
388

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 24 степени. Утре  претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно со локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.  Дневната температура ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари