62 нови случаи на Ковид-19, 4 oд нив во Струга, почина уште еден пациент од Струга

- Македонија
1028

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Во последните 24 часа направени се 771  тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70  и МАНУ -114.  Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

Facebook Коментари