6 лица во Струга и 22 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
291

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 36 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 22, Струга 6 и Кичево 8).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, полициски службеници во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат, извршија 18 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 12 и Кичево 6), информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари