Спортската сала „Билјанини извори“ ќе стане регионален вакцинален центар, подготовките почнуваат денеска

- Локални
338
Од денеска почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, информираше дека  со претставникот од Министерството за здравство ги финализирале активностите.
Сега салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, и откажани се сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи.
,,Во салата предвидено е да има: 14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација, 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места, Нов агрегат за фрижидерот за вакцините,
Оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство,
Седиштата кои се потребни во системот на вакцинација на граѓаните.,,-информира Георгиевски.
Спортската сала „Билјанини Извори“ се става во функција на министерството за здравство за потребите за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.
Strugaonline

Facebook Коментари