Aкција на МВР-Во близина на „Ќафасан“ приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана

- Локални
480

На 30-ти октомври 2020 година, околу 20:30 часот, во непосредна близина на магистралниот пат А2-Е852, на околу два километри од ГП „Ќафасан“, пресечен е канал за недозволена трговија со марихуана од Република Албанија во Република Македонија.

Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за специјални полициски операции и СВР Охрид, на подрачјето на Струга, кои запленија 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го приведоа 20-годишниот Е.Х. од Република Албанија.

Против Е.Х. до ОЈО за ГОКК ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги.

Извор и фото: МВР

Facebook Коментари