Почина славниот актер Шон Конери

- Свет
706

Светски познатиот актер Сер Шон Конери,  почина денеска на 90-годишна возраст.

Легендарниот шкотски актер  се прослави со улогата на Џемс Бонд, а познат е и по многу филмови како што се „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други.

Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во „Недопирливите“ во 1988 година, две награди БАФТА и два Златни глобуси.

Конери доби титула почесен витез од кралицата Елизабета во 2000 година.

Facebook Коментари