Албански државјанин приведен на „Ќафасан“ -управувал возило со променет број на шасија

- Локални
143

На 14-ти ноември 2019 година, во 12:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ бил лишен од слобода 49-годишниот А.А. од Република Албанија.

– При контрола било констатирано дека има промени на бројот на шасија на патничкото возило „Фолксваген голф“, со албаниски национални ознаки, кое го управувал. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари