Претставата „Стаклена менажерија“ вечерва пред охридската публика

- Локални
57

Претставата „Стаклена менажерија“  од Тенеси Вилијамс која ја освои наградата „Нета“  на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт – повторно на репертоарот на Охридски театар.

Љубителите на драмската уметност, оваа претстава ќе имаат можност да ја проследат вечерва со почеток од 20.00 часот.

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби. – вели режисерката Софија Ристевска Петрушева.

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари