Билтен на СВР Охрид: Приведени двајца стружани, кај еден од нив пронајдена марихуана, пожар во куќа во Пештани….

- Локални
234

На 16.04.2024 во 20.50 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Б.Т.(29) и М.П.Б.(29), двајцата од Струга. При извршен преглед во патнички автомобил „опел” со струшки регистарски ознаки, во кој се наоѓале двајцата, кај М.П.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветна пријава.
На 16.04.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Пештани, сопственост на Ц.Н. од Скопје, настанал пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”. На 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со  своето возило „ренџ ровер” се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот „Железничка” предизвикал сообраќајна незгода.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари