„Љубав преко мреже” нова песна на Браво бенд

- Музика
275
,,Љубав преко мреже”е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, и е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма”.
Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на Тропико бенд Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс.
Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се снимени на Преспанското Езеро, а кој е работен под режисерската палка на Ѓорги Вацев.

Facebook Коментари