Лев банер Десен банер

Струга домаќин на Првата екипна шаховска лига на Македонија

Струга од 22 до 29 август 2026 година ќе биде домаќин на Првата екипна шаховска лига на Македонија во машка и женска конкуренција.

Натпреварите ќе се одржуваат во Хотел „Дипломат“, каде во текот на една недела ќе се соберат околу 150 шахисти, спортисти и членови на екипите од целата земја.

Со организацијата на ова значајно спортско првенство, Струга повторно се потврдува како град кој создава услови за одржување и развој на спортските настани, но и како место кое ги обединува спортистите и љубителите на спортот.

Првенството ќе се одржи во машка и женска конкуренција, а учесниците ќе имаат можност да ги покажат своите шаховски вештини, знаење и натпреварувачки дух.

Општина Струга го поддржува одржувањето на првенството, со порака дека вложувањето во спортот претставува вложување во луѓето, талентот и иднината.

„Секој спорт, секој талент и секој граѓанин кој придонесува за активен живот во заедницата заслужува поддршка и простор за понатамошен развој“, посочуваат од Општина Струга.

StrugaOnline

error: