Демократскиот сојуз на Власите од Македонија ја демантираше веста дека нивната партија во Струга ја раскинала соработката со СДСМ-Струга

- Локални
823

На социјалните мрежи и во неколку медиуми се појави соопштение со кое што наводно, Демократскиот сојуз на власите од Македонија- Струга  ја раскинува соработката со коалицијата предводена од СДСМ на локално ниво.

Претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Николче Бабовски, излезе со демант на таа вест, во кој што вели дека станува збор за лажна вест, односно, како што наведува, невистини искажани од самонаречени челници на Општински организации на политички партии кои единствено нудат лажни вести во нечиј интерес.

Соопштение на Бабовски ви го пренесуваме во целост:

,,Демократскиот Сојуз на Власите од Македонија најостро ги осудува лагите и невистините искажани од самонаречени челници на Општински организации на политички партии кои единствено нудат лажни вести во нечиј интерес.
Секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, се зголемува интензитетот на лажни вести и конструкции и измислици од страна на поединци и опозицијата.
Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејзбук и други социјални платформи и давање лажни изјави. Тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорното дејствување.
Се работи за човек кој веќе не е член на партијата и соодветно на тоа не може да носи одлуки за влегување или излегување на партијата од некоја коалиција.ДСВМ има тела кои сериозно работат и се залагаат како за членството, така и за целиот влашки народ во Република Северна Македонија.
Очигледно ова е уште еден обид на опозицијата предизборно да монтира непостоечки ситуации!
Јас како Претседател на Демократскиот Сојуз на Власите барам од медиумите да го објават овој демант, а против лицата што лажно се претставуваат следуваат соодветни пријави.,,-стои во објавата.

 

 

Facebook Коментари