Време- Променливо облално, пороен дожд, грмежи и засилен ветер

- Македонија
279

Променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени.

Утре  претпладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Попладне умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 34 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари