Филипче најави нова мерка што ќе важи во октомври

- Македонија
753

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за медиумите денеска најави дека во октомври ќе биде предложена мерка, односно дека ако сега влезот во сите угостителски објекти како и други институции е можен со една доза, од октовмри ќе се бара сертификат за целосна имунизација.

„Мерка која сигурно ќе се препорача, е оваа потреба да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, рече Филипче.

Facebook Коментари