Денеска во Струга граѓански буџетски форум

- Локални
567

Центарот на заедницата на Општина Струга во соработка со Општина Струга организираат граѓански буџетски форум. Форумот ќе се одржи денеска со почеток во 11.30 часот во хотел „Дрим“ Струга .

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.

Во текот на буџетскиот форум ќе бидат презентирани општински програми за наредната година и средствата предвидени за реализирање на проекти и услуги од страна на општината.

Граѓаните ќе имаат можност да достават свои предлози за нови проекти што можат да се спроведат во текот на 2020 година и за кои сметаат дека се приоритети за градот.

Граѓанскиот буџетски форум во општина Струга ги имплементира Центарот на заедницата на општина Струга во партнерство со Oпштина Струга и финансиска поддршка од Olof Palme Center International.

Strugaonline

 

Facebook Коментари